Владата предводена од СДСМ го креираше четвриот пакет мерки од 470 милиони евра наменети за помош на бизнисот и граѓаните за излез од кризата предизвиканата од пандемијата со коронавирусот.
Мерките посветуваат особено внимание на самостојните вршителни на дејност, занаетчиите, кои се погодени од негативните последици од глобалната криза предвизкана од кронавирусот.
На самостојните вршители на дејности и натаму им останува на располагање поддршката за исплата на платите и пристапот до поволните кредити од Развојната банка.
Новина е намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% на производите и услугите на самостојните вршители на дејност, со што ќе се зајакне нивната конкурентност на пазарот.
Намалување на ДДВ од 18% на 10% се предвидува и за дејноста ресторански услуги и служење на храна и пијалоци.
Оваа мерка ќе започне од 1 јануари 2021 година, а преку неа ќе се постигне намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.
Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, СДСМ, како одговорна партија останува целосно посветена на обезбедување поддршка на секој граѓанин и секоја компанија погодени од глобалната пандемија.