Бензема го постигна својот 250. гол за Реал и влезе во клубот на Роналдо, Раул, Ди Стефано и Сантиљана

Реал Мадрид го победи денес го победи Леванте како гостин со 2:0 во мечот од 5. коло на Ла Лига. Вториот гол за „кралевите” на крајот од натпреварот го постигна напаѓачот Карим Бензема.

Ова е прв погодок на 32-годишниот Французин на четири натпревари во лигата оваа сезона. Воедно, Бензема стана петтиот играч кој постигнал 250 гола на официјалните натпревари за Реал Мадрид.

Претходно тоа успеаја да го направат Сантиљана (290 гола), Алфредо Ди Стефано (308), Раул (323) и Кристијано Роналдо (450).

Треба да знаете
Последни објави