Власта да намали со струмичките камиони во РЕК и да одвои 10 милиони евра за лозарите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски преку Фејсбук ја коментираше состојбата со откупот на грозје.
-Викендов продолжува сагата на македонските лозари. Продолжува откупот со катастрофални цени од денар и половина за килограм смедеревка и два денари за килограм вранец. Лозарите никогаш не биле вака понижени со вака ниски цени. За потсетување Заев ветуваше откупни цени од најмалку 9 денари за килограм смедеревка и 11 денари за вранецот. Проценетата вредност на килограм грозје според трошоците треба да биде најмалку 15 денари, реалноста со Заев на Власт е два денари за тие што ќе успеат да го продадат своето грозје.
Македонските лозари се излажани повторно од Заев и старо-новата Влада. Апелирам до власта да се помогне на луѓето и државата да направи интервентен откуп и да помогне на лозарите. Интервентен државен откуп е единствено решение за оваа сага на лозарите. Доволно е Заев да го направи тоа што го бараше како опозицонер во 2016 година. Да издвои 10 милиони евра за лозарите во Македонија. Наместо да ги троши на коли, цветни аранжмани и слични глупости, да ги потроши на лозарите, или да намалат да вртат непотребно струмичките камиони во РЕК Битола и да се најдат пари за интервентен државен откуп на цело преостаното грозје по гарантирани цени кои нема да се под 9 односно 11 денари
И покрај тоа што Зоран Заев загуби на парламентарните избори во Демир Капија, Росоман, Неготино, Кавадарци и Гевгелија негова обврска како премиер е да им помогне на овие луѓе. Јас останувам на страната на оние кои ги претставувам како пратеник и носител на листа на изборната единица 4. Се гледаме деновиве на терен да ја споделам нивната мака и гнев, вели Николовски.
Треба да знаете
Последни објави