Астон Вила му нанесе пораз на актуелниот шампион на Англија како ниту еден друг противник во ерата на Јирген Клоп.
Тимот од Бирмингем го декласираше Ливерпул со 7-2. Се почна уште во 4. минута со првиот од вкупно трите гола во првото полувреме на Воткинс, а освен него во првите 45. минути стрелаше и Мекгин, а единствениот погодок за „црвените“ го постигна Мохамед Салах, по што на полувреме се замина со предност од 4-1 за домаќините.
Вториот дел продолжи во ист ритам Баркли во 55. минута го зголеми водството на домаќините на 5-1. Салах пет минути подоцна намали на 5-2, а до крајот Џек Грилиш со два гола ги постави конечните 7-2. Последен пат Ливерпул во првата англиска лига примил седум гола против Тотенхем во 1963 година.