Нова Каледонија останува француска територија.
53,26 проценти од жителите на архипелагот гласаа против стекнување целосен суверенитет, на вториот референдум за независност од Франција.
Во Нова Каледонија, која е оддалечена 18.000 километри од Париз, првиот референдум за независност се одржа на 4 ноември 2018 година, кога резултатот беше сличен, со разлика од околу 3 проценти.
Нова Каледонија стана француска територија во 1.853 година и првично беше казнена колонија. Оттогаш, независноста е цел на домородниот народ Канак, кој сочинува околу 40 проценти од населението.
Тензиите меѓу членовите на Канак и потомците на колонијалните доселеници кои остануваат лојални на Париз се големи.
Нова Каледонија, според договорот потпишан во 1998 година, има право на три референдуми за независност. Следната можност за населението е обезбедена во 2022 година.