Петмина починати и 193 новозаразени со Ковид во Црна Гора

Пет починати лица, 193 нови случаи и 150 оздравени пациенти е ковид биланс во Црна Гора за последните 24 часа, објави тамошниот Институт за јавно здравје (ИЈЗ).

– Од вчерашниот пресек, пристигнаа пријави за пет починати лица од кои две во Подгорица и по едно во Котор, Бар и Плевља,се наведува во дописот на црногорскиот ИЈЗ.

Вкупниот број на починати пациенти во Црна Гора од почетокот на јуни изнесува 170, а од почетокот на годината – 179. Како актични случаи моментно во земјата се водат 3.995 случаи.

Треба да знаете
Последни објави