Претепан гостин во кафеана во Илинден, во бесознание префрлен во Клинички

На 04.10. околу 00,00 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека во угостителски објект во населба Илинден има нарушен јавен ред и мир и има едно лице со повреди, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.

Според пријавеното, З.И.(42) од с.Марино со тврд предмет го удрил М.Т.(25) и истиот паднал во безсознание по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

По наредба на јавен обвинител З.И. е задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави