Цорк: Темата „Санчо во Манчестер” заврши

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Мајкл Цорк уште еднаш категорично изјави дека ѕвездата на тимот Џејден Санчо нема да биде продадена на Манчестер Јунајтед кога ќе се затвори преодниот рок.

Санчо е главната цел на „црвените ѓаволи” ова лето, но германскиот клуб имаше одредено краен рок до 10 август за трансфер и тогаш Цорк објави дека темата е завршена. Сепак, медиумите во Англија постојано пишуваат дека раководството на Јунајтед продолжува да работи на трансферот, но тоа нема да доведе до ништо, изјави Цорк.

– Вратата е затворена, јас тоа веќе го кажав 27 пати, експлодираше спортскиот директор на Борусија по прашање за Санчо од новинар.

Само пред два дена, тој го рече истото.

– Секако дека имавме комуникација со Манчестер, но сè што може да се каже на оваа тема е веќе кажано. Ова нема да се промени во следните три дена, рече тој.

Минатата недела „Скај Спорт” објави дека Борусија Дортмунд одбила понуда вредна околу 100 милиони евра за Санчо, бидејќи газдите на Дортмунд ја ценат својата sвезда повисоко.

Преодниот рок во Премиер лигата се затвора во понеделник навечер.

Треба да знаете
Последни објави