Есенско уништување на штетни глодачи започна денес на територија на општина Кисела Вода. Дератизацијата ја спроведува Центарот за јавно здравје, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина. Истата отпочна во урбаната заедница Кисела Вода, а во наредните 20-тина дена ќе се постават мамци и во шахтите во другите месни и урбани заедници, вкупно 3863 на број.
Согласно својата програма, локалната самоуправа организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.