Зверев: Со температура и тешко дишење неможев да го елиминирам Синер

Гермаскиот тенисер Александар Зверев е еиминиран во осминафиналето на гренд-слем турнирот Ролан Гарос од Италијанецот Јаник Синер (6:3, 6:3, 4:6, 6:3). По поразот Зверев откри дека со денови не се чувствувал добро и дека имал висока температура.

-Јас сум мртов болен. Бев болен и на мечот против Чикинато. Не можам правилно да дишам  како што и самите слушате по мојот глас. Имав грозница, не сум баш во најдобра физичка состојба и мислам дека тоа влијаеше на исходот, изјави Зверев.

Германскиот тенисер изјави дека сите негови тестови на коронавирусот и на неговите соработници од стучниот штаб биле негативни. Но, Зверев палнира повторно да се тестира.

-Мојот физиотарапевт беше настинат пред две недели и беше негативен. Се надевам дека не е ковид, изјави Зверев кој имал температура од 38 степени ноќта пред мечот.

Бранителот на титулата на турнирот во Париз, Рафаел Надал лесно излезе на крај со 213. тенисер на АТП ранкингот, Себастијан Корда кого го совлада со 3-0 во сетови. Надал на Американецот му дозволи да осовои само четири гема и тоа по еден во првите два сета, и два во последниот 6:1, 6:1, 6:2. Надал во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Јаник Синер.

Австриецот Доминик Тим пак не дозволи пресврт во дуелот со Французинот Уго Гастон. Тој славеше во пет сета со 6:4, 6:4, 5;7, 3:6, 6:3. Тим во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Аргентиневот Диего Шварцман.

Полската тинејџерка Ига Свјатек (19) ја елиминираше најголемата фаворитка за трофејот Романакта Симона Халеп и тоа со 6:1, 6:2. Изненадувачка елиминација доживеа и осмата тенисерка во светот Кики Бертенс, која загуби од 159. Мартина Тревисан со 6:4, 6:4.

Треба да знаете
Последни објави