Прекинато водоснабдување има во Чаир

Денеска без вода останаа корисниците од  улиците „Цветан Димов”, „Коста Абрашевиќ”, „Панче Неделковски” и „Џон Кенеди” во Општина Чаир. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот на водоснабдувањето за граѓаните е поради уличен дефект од Ф-2цол на улицата „Цветан Димов” бр. 98 во населбата Чаир.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави