Корисниците од ресторанот Национал и зградата на ССМ во Општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 милиметри на улицата „Филип Втори Македонски” пред ресторанот Национал.
Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација” не завршат со интервенцијата.