Тренерот на младите категории на ФК Радник од Сурдулица, А. Ф. (36) е уапсен под сомнение дека испраќал сексуални пораки до млад играч на возраст од 13 години.
Тренерот, наводно, му испратил сексуални пораки на момчето преку телефон, убедувајќи го да имаат секс и е обвинет за сексуално вознемирување. Сепак, кривичната пријава е поднесена во редовна постапка и на тренерот не му е одреден притвор.
Овој педофилски скандал со денови е главна тема во Сурдулица, а обвинителството и полицијата треба детално да утврдат што точно се случило помеѓу тренерот и малтретираното момче.
Извор од истрагата вели дека таткото на младиот фудбалер ја известил полицијата.
– Момчето му се пожалило на својот татко дека тренерот му испраќа чудни и несоодветни пораки, па веднаш ја известил полицијата за сè. Таткото им го предал на инспекторите телефонот на неговиот син, кој ги содржел спорните пораки, а тренерот бил поканет на информативен разговор. А. Ф. дал изјава, во која тој негирал дека го убедувал момчето да имаат секс и после тоа бил пуштен да се брани од слобода. И двата телефони, на тренерот и на момчето, биле испратени на вештачење, објасни изворот.
Членовите на управата на Фудбалскиот клуб Радник досега не се огласија за овој случај.
Да потсетиме, сличен случај се случи во март минатата година во Нови Пазар, кога беше уапсен фудбалскиот тренер Денис Ц. (29) поради сомневање дека принудувал петнаесетгодишен фудбалер со месеци да има секс во неговиот стан, ветувајќи му дека ќе му обезбеди успешна кариера!
На рочиштето во обвинителството, тренерот педофил признал дека го силувал момчето, па добил седум години затвор врз основа на договор со обвинителството.