Шампионот од САД опен, Доминик Тим спречи нова неделна сензација на Франција опен, откако иако пропушти водство од 2:0 во сетови, на крајот со 6:4/6:4/5:7/3:6/6:3 го совлада францускиот тинејџер Иго Гастон, за да закаже дуел со Аргентинецот Диего Шварцман во четврт-финалето, по неговата 6:1/6:3/6:4 победа над ИталијанецотЛоренцо Сонего.
Пред малубројната, но гласна публика на „Филип Шартие“, Австриецот изгледаше дека е на пат до лесна победа откако ги освои двата сета против 239-рангираниот Гастон, но потоа противникот го искористи падот на концентрацијата за да израмни на 2:2. Гастон загуби брејк на 3:4 во одлучувачкиот сет, за Тим да ја освои победата и петта година во низа да се пласира во четврт-финалето во Париз.
28-годишниот Шварцман, исто како 12-кратниот шампион Рафа Надал, нема загубено сет на Ролан Гарос во четири меча и сега го чека вистински предизвик во дуелот со Австриецот.