Американскиот претседател Доналд Трамп, сними нова, втора видео порака до Американците откако пред три дена излезе позитивен на коронавирусот и веднаш беше сместен во воената болница „Валтер Рид”, затоа што почнал да ги чувствува симптомите на болеста, јавија светските агненции. Трамп во неа порачува дека во болницата научил многу за Ковид-19, дека ова што му се случува е вистинско училиште и дека има намера да зборува за тоа.
„Тоа го научив со тоа што сега навистина одам на училиште. Ова е вистинското училиште. Ова не е училиште каде се читаат книги и јас го сфаќам тоа. И разбирам. И тоа е многу интересна работа. И ќе ви кажам за тоа. Во меѓувреме, ние ги сакаме САД и сакаме што се случува “, рече тој.
Тој во пораката додава дека додека е во болница успеал да се сретне со „некои од војниците и одличните вработени”.
Трамп на видеото најави и изненадување за своите фанови. Тоа што го мислеше го покажа веќе 15 минути подоцна кога на видео на Твитер се појави во поворка со автомобили пред болницата, мавтајќи им на фановите