Уште 21 жртва во конфликтот во Нагорно Карабах, Азербејџан користи забранета муниција

Претставници на етничките Ерменци во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах во Азербејџан денеска изјавија дека во борбите со Азербејџан биле убиени уште 21 војник.

Со тоа, како што пренесуваат странските агенции, вкупниот број на воени жртви на сепаратистите достигна 223 од почетокот на борбите пред осум дена.

Азербејџан повторно го гранатираше Нагорно-Карабах, а претставник на сепаратистите изјави дека бројот на цивилни жртви од почетокот на борбите се искачи на 18.

Азербејџан не ги открива своите воени загуби, но тврди дека загубил 25 цивили. 

Ерменските медиуми објавија дека Азербејџан користи забранети касетни бомби. Според нив, така биле убиени многу цивили, а зградите претрпеле сериозни штети.

 

Треба да знаете
Последни објави