Доколку Република Северна Македонија го повлече потребниот ПЦР тест за влез во Косово, тоа ќе го направиме и ние, рече вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, заменик министерот за здравство на Косово, Луан Гола.
Денеска Комисијата за заразни болести достави предлог до Владата за повлекување на ПЦР тестот, а утре Владата ќе носи одлука за истото.
-Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од земјите одсоседството. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија, велат од Министерството за здравство.