Главната цел на мерките кои ги донесе Владата во сите четири пакети е зачувување на работните места и зголемување на ликвидноста на компаниите. Најпогоден сектор беше туристичко-угосттелскиот сектор, доколку не им помогнеме директно на туристичките агенции, туристичките водичи, клубовите, дискотеките тие ќе ја изгубат лиценцата за работа бидејќи во текот на целата криза не работеа, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во дебатата на 24 Анализа на ТВ 24.
„Што се однесува до туристичките агенции тие ќе ги изгубат лиценците за работа доколку не им помогнеме директно бидејќи тие целосно беа затворени и не работеа. За да добијат А туристичка лиценца според Законот за туристичка дејност тие треба да имаат минимум четири вработени. Ако просечна плата е 250 евра и плус режиски трошоци, мерката предвидува и на турисичките агенции со А лценца и на тие со Б лиценца да им помогнеме со директни грантови во зависност од прометот кој го имале во 2019 година за да не затворат.Сепак тие до крајот на годината ќе имаат обврска да ги задржат сите вработени, и треба да ги задржат канцелариите во кои што работат“ кажа Бектеши
Министерот потенцираше дека со новиот буџет за 2021 година Владата ќе започне со промоција на Северна Македонија во делот на туризмот каде што ќе се приклучи директно државата заеднички со тур -операторите се со цел да се вратат назад странските туристи кои оваа година ги загубиве поради пандемијата.