Брнабиќ ќе го добие мандатот за состав на новата влада на Србија

Ана Брнабиќ ќе го добие мандатот за состав на новата влада на Србија. Тоа го најави денеска во обраќање српскиот претседател Александар Вучиќ.

Владејачката Српска прогресивна партија денеска одржа седница на која единствена тема беше формирање на нова влада.

-Пред неколку минути ја потпишав одлуката, а тоа ќе биде Ана Брнабиќ, имам многу високо мислење за неа. Таа не го разбираше својот мандат како време за лична промоција, туку работеше посветено за доброто на луѓето, и немам за што да се жалам, рече Вучиќ.

Според министерот за финансии Синиша Мали, предлогот на Вучиќ за нов премиер бил прифатен едногласно.

Брнабиќ беше премеир на Србија од 29 јуни 2017 година. Таа е прва жена премиер во Србија.

Треба да знаете
Последни објави