Годинава, нема пари од пеење: Марија Шерифовиќ ќе ја менува професијата

По прогласувањето на вонредната состојба, пејачите останаа без работа затоа што им беа откажани сите настапи, и немаат приходи со месеци.

Поради тоа, пејачката Марија Шерифовиќ реши барем привремено да ја смени професијата, а за големата одлука ги извести и своите обожаватели.

Таа на својот Инстаграм објави видео во кое зборува за својот нов потег.

“Станувам Јутјубер, бидејќи нема пари од пеење. Ќе пеам следната година”, рече Марија.

Дека таа не е единствената која бара излез од тешката ситуација покажува и фактот дека голем број пејачи се посветуваат на други професии.

Преземено од Хаштаг

Треба да знаете
Последни објави