Десет функционери аболицирани од Ивaнов бараат правда во Стразбур

Десет поранешни функционери во две групи ја тужат државата пред судот во Стразбур. Во првата се Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции која се уште не е објавена се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талевски, Тони Јакимовски, објави „Телма“.

Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни и правен застапник на сите, објаснува дека се повикуваат на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов.

На веб страната на судот  се гледа дека овие апикации се во фаза на таканаречени комуницирани предмети што значи дека се уште нема одлука. Обајснето е на што се однесува предметот но и на кои прашања треба да одговори државата.

Илиевски вели предметот е во фаза во која двете страни можат да преговараат. Тој минатата недела иницирал средба со владата за преговори, но по вчерашниот статус на министерот за правда не е  е оптимист дека може да дојде до пријатеска спогодба, но е оптимист во однос на исходот од постапките.

Не е точна информацијата пренесена во медиумите дека Судот за човекови права во Стразбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица – важи, не е, и не може да биде повлечена или укината. Ваква одлука од страна на ЕСЧП не е донесена,ниту доставена до институциите на Република Северна Македонија, наведува во соопштение Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 25.09.2020 година, на одговор до Владата на Република Северна Македонија достави две групи апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, а во кои се проблематизираат тековни или завршени постапки од аспект на аболициите на поранешниот претседател на државата Иванов.

Како што информира Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, станува збор за стандардна постапка која поднеднакво важи и за останатите држави членки на Советот на Европа и за стандардна постапка на доставување апликации на одговор до државата.

-За Владата на Република Северна Македонија, постапка по поднесена апликација пред ЕСЧП започнува кога апликацијата поднесена до ЕСЧП, по прелиминарна оценка на нејзината допуштеност, ЕСЧП ќе одлучи да ја достави на одговор до државата. Во врска со апликациите кои се во фокус на актуелниот интерес на јавноста и информацијата која се објави во дел од медиумите, државата се наоѓа токму во оваа фаза кога предметните апликации се доставени на одговор до државата, велат од Бирото.

Притоа, додаваат информацијата дека „Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица – важи, не е и не може да биде повлечена или укината. Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО паѓаат во вода, мора да се запрат, а обвинетите или осудените да бидат ослободени од прогон или казна. Судот во Стразбур за својот став ја известил и македонската влада уште на 14 Септември, и решил одлуката да се спроведе во две фази….” не е точна, ниту вистинита, зошто таква одлука од страна на ЕСЧП не е донесена ниту доставена до институциите на Република Северна Македонија. Оттука не може да стане збор ниту за евентуално „спогодбено спроведување на одлуката на Стразбур”.

-За постапките ЕСЧП на својата интернет страница, веќе објави податоци во однос на лицата кои поднеле апликации, нивните наводи за повреда на ЕКЧП, како и во однос на прашањата кои се упатени до страните во постапката (види на http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-205137 и http://hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-205253 ). Текот на постапките по предметните постапки пред ЕСЧП, како впрочем и на сите останати постапки пред ЕСЧП, може исто така да се провери и следи преку алатката достапна на интернет страницата на ЕСЧП преку внесување на бројот на апликацијата (: http://app.echr.coe.int/SOP/index.aspx?lg=mkd ), велат од Бирото и додаваат дека препорачуваат следење на објавите на интернет страницата на ЕСЧП или за повеќе детали во врска со постапките пред ЕСЧП, комуникација со прес службата на ЕСЧП.

Треба да знаете
Последни објави