Есенска дератизација во општина Кисела Вода

Есенско уништување на штетни глодачи започна денес на територија на општина Кисела Вода. Дератизацијата ја  спроведува Центарот за јавно здравје, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина. Истата отпочна во урбаната заедница Кисела Вода, а во наредните 20-тина дена ќе се постават мамци и во шахтите во другите месни и урбани заедници, вкупно 3863 на број.

Согласно својата програма, локалната самоуправа организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.

Треба да знаете
Последни објави