Здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да се подобрува ноќеска, а Белата куќа е оптимист дека тој ќе ја напушти болницата во текот на денов,јави „Фокс њуз”, повикувајќи се на изјава на шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус.
Медоуз рече дека разговарал со Трамп утрово и дека претседателот ќе се сретне со неговиот медицински тим за да му биде проценета неговата состојба, јави Фокс њуз.
Американскиот претседател од петокот е во воената болница „Волтер Рид”, каде беше хоспитализиран поради Ковид-19.