Иран денеска соопшти дека работи на постигнување примирје во кавкаскиот регион Нагорно-Карабах и дека е во постојан контакт со двете завојувани страни, како и со Руската Федерација.
Повикувајќи се на портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Сајет Катибзадех, изјави дека прашањето за Нагорно-Карабах е разгледано во телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи на Иран и на Русија, Мухамед Џавед Зариф и Сергеј Лавров.
-Исламската Република Иран е во тесен контакт со завојуваните страни и внимателно го следи развојот на настаните на нејзините граници, изјави Катибзадех, пренесе агенцијата ИНСА.
Според извештаите на проерменските медиуми, врз главниот град самопрогласената држава Нагорно-Карабах, Степанакерт, денеска бил цел на нов напад.
-Азербејџанската армија отвори оган околу 6.30 часот. Кон градот беа извршени четири големи артилериски напади, соопшти Министерството за надворешни работи-НКР.
Според податоците на НКР, од почетокот на конфликтот, на 27 септември, до вчера се убиени 18 цивили во Степанакерт, Хадрут, Мартуни и Мартакерт, додека според истиот извор биле ранети 80 лица.
Оттаму, исто така, се наведува дека азербејџанската страна се подготвува за нова офанзива.