Кавани го помина медицинскиот преглед во Манчестер остана уште потписот

Уругвајскиот фудбалски интеранционалец Единсон Кавани е близу до премин во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Искусниот напаѓач Кавани кој е слободен играч откако му заврши договорната обврска со францускиот првак ПСЖ, го мина медицинскиот преглед и сега му преостана уште потписот на договорот. Тој е пред потпишување на договор со важност од 1 + 1 година.

Преминувањето на Кавани на „Олд Трафорд“ се очекува да биде објавено во попладневните часови.

Треба да знаете
Последни објави