Чешката тенисерка Петра Квитова, ја победи Жанг Шуаи од Кина, во осминафиналето на гренд слем турнирот Ролан Гарос. Во меч што траеше еден час и 19 минути, Квитова го доби првиот сет со 6:2, вториот со 6:4.
Од почетокот на турнирот, Чехинката не загуби ниту еден сет.
Според резултатите на Грен слемот во Париз, Квитова ќе се врати во Топ 10 на ВТА листата.
За Квитова ова е втор пласман во четвртфиналето на парискиот генд слем. Таа стигна до оваа фаза во 2012 година.
За пласман во полуфиналето, Квитова ќе ги одмери силите со Лора Зигемунд од Германија.