Кошаркарите на Мајами хит ја забележаа првата победа над Лос Анџелес лејкерс во НБА финалето и не дозволија шампионот да биде речиси решен по само три натпревари.
„Жешките” ноќеска славеа победа со 115:104, најмногу по заслуга на Џими Батлер кој оствари „трипл-дабл”. Тој средбата ја заврши со 40 поени, 11 скока и 13 асистенции.
Во поразениот тим, Леброн Џејмс беше најдобар со 25 поени, 10 скока и осум асистенции.
Следниот дуел во серијата прв до четири победи е закажан за 7 октомври.