Мурињо: Ѓоковиќ редовно победува со 6:1, а ние вакво задоволство може да имаме еднаш во животот

Тотенхем на „Олд Трафорд“ во натпреавр од 4. коло во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција му го нанесе еден од најтешките порази на Манчестер јунајтед полнејќи му ја мрежата со половина дузина голови (6:1). Овој триумф имаше посебно значење за поранешниот тренер на Манчесте јунајтед, Жозе Мурињо кој сега седеше на клупата од спротивната страна.

По мечот на прес-конференцијата Мурињо победата ја искоментира во негов стилот, споредувајќи ја со првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ дека тој редовно триумфира 6:1 во првиот сет.

-Новак тоа го прави редовно, нам не ни е лесно да постигнеме таков резултат. Против клуб каков што е Манчестер јунајтед тоа може да се случи еднаш во животот, еднаш во кариерата, изјавил Мурињо.

Манчестер јунајтед на овој меч први постигнаа гол, во втората минута, Тотенхем направија пресврт во наредните шест минути, а по исклучувањето на Марсијал во 30 минута „спарси“ го декласираа домаќинот.

Треба да знаете
Последни објави