Поранешната прва дама на Франција за карантинот: Се откажав од алкохолот, ќе се испоубиевме

Италијанската кантавторка Карла Бруни, поранешна манекенка и прва дама на Франција, за британски „Телеграф“ одговараше на прашања во врска со нејзиниот приватен живот.

Бруни неодамна издаде нов албум, а нејзиниот сопруг, поранешниот француски претседател Николас Саркози, издаде мемоари. Неговата сопруга ја ожени во февруари 2008 година, во првата година од неговиот мандат во Елисејската палата. Се запознале во ноември една година претходно на прием, неколку недели откако претседателот се разведе од втората сопруга Цецилија, со која беше во брак 11 години.

Саркози пишува и за неговата сопруга во своите мемоари „Бурни времиња“, но друга книга крена поголема прашина поради Карла Бруни како главен протагонист на љубовниот триаголник.

Славниот филозоф Џиан-Пол Ентовен жестоко реагираше на објавувањето на автобиографскиот роман Le Temps gagné (Заштедено време) на неговиот син Рафаел, откако детално ги опиша деталите за љубовната драма што го потресе неговото семејство. Рафаел Ентовен е човекот за кој Бруни го напушти Џиан-Пол и со кого го има синот Аурелиен (19).

Таа лежарно и безгрижно навела дека сè уште не ја прочитала книгата.

„Јас ја поддржувам демократијата, секој може да прави што сака. Сакам кога луѓето се изразуваат. Му реков на Рафаел дека ја има мојата поддршка“, наведе Бруни.

Таа не е премногу заинтересирана за содржината на книгата, дури ни заради фактот што 23 реда беа посветени на нејзиниот задник.

За британскиот весник изјавила дека времето поминато во карантин било предизвикувачко за неа и за Николас.

„Порано ретко се гледавме преку ден, а сега имав можност да го видам како дреме во 15 часот. Да, тоа беше тест за нас. Но, тој ја напиша книгата, а јас го напишав албумот.

Таа открива дека не биле сами.

„Имавме полна куќа, со нас секако беше и ќерката Џулија, која во октомври ќе наполни 9 години, со нас беше и мајка ми, но и неговата сестра. Мајка ми има 91 година, а неговата сестра 95. Италијански затвор, о Боже, за малку ќе се испоубиевме меѓу себе“, навела Бруни, смеејќи се на глас.

За да бидат работите попредизвикувачки, Карла Бруни се откажала од алкохолот за време на карантинот.

„Кога пијам, претерувам. Размислував, ако го поминам карантинот со алкохол, готова сум. Не знам како да бидам умерена“, рече таа.

На прашањето дали нејзиниот сопруг се солидаризирал за алкохолот, таа даде интересен одговор:

– Тој во животот нема пробано ниту капка алкохол. Страда од силни главоболки, а кога бил помлад стравувал како ќе реагира на алкохол. Значи, тој не е свесен за позитивните страни на алкохолот. Му кажав, драго ми е што не знаеш, инаку ќе го поминеше целиот ден во кафани“, одговори таа на шега.

Треба да знаете
Последни објави