По покана на претседателот Илир Мета, во дводневна официјална посета на Албанија престојува претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ. Двајцата претседатели се заложиле за интензивирање на односите и соработка и обеднување на напорите за европската иднина.
Домаќинот ветил дека Албанија ќе продолжи со силната подршка за БиХ „во сите европски и евроатлански процеси”
-Разговаравме за сите прашања од билатералните односи, како и на регионално ниво. Се согласивме да ги зајакнеме односите со ново темпо, со цел да ги здружиме напорите не само меѓу двете земји, туку и во земјите од регионот, за да што побрзо им дадеме на младите европска иднина. Ние веруваме дека многу добриот политички дијалог што го имаме на претседателско ниво ќе биде промовиран и на сите други нивоа. Особено, да се зголемат економските и трговските размени, како и да се здружат напорите меѓу двете земји за подобрување на инфраструктурата, рече Мета на заедничката прес конференција.
Џаферовиќ изјави дека е донесена одлука неговата земја да отвори амбасада во Тирана и оти тоа треба да го направи и Албанија, со цел унапредување на блатералните односи и соработка.
-Република Албанија и Босна и Херцеговина се поврзани со добри односи, немаме отворени прашања меѓу нас. Ние сме посветени на нашите евро-атлански аспирации и на развојот на регионот на Западен Балкан. Билатералните односи се пријателски. Можеме ушто подобро и верувам дека ќе ги искористивме сите можности за зголемување на соработката.Факт е дека Босна и Херцеговина во моментов е без амбасада во Тирана, а исто така и Албанија нема амбасада во Сараево. Босанското претседателство одлучи да отвори амбасада во Тирана. И верувам дека овој чин ќе помогне и ќе ја подобри врската. Очекуваме Албанија да го стори истото,изјави Џаферовиќ.
Тој се заблагодарил за дадениот статус на малцинство на бошњачката заедница во Албанија и посакал Албанија и Северна Македонија да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.
Претседателот Мета изјави дека бил против затворање на албанската амбасада во Сараево и побара од сегашната влада во Албанија повторно да ја отвори пред 25 април, за кога се закажани парламентарните избори. По изборите, Мета уверува, дека албанската амбасада во Босна и Херцеговина дефинитивно ќе биде отворена.
-Не се согласив да се затвори албанската амбасада во Сараево. Албанија мора да ја игра својата улога за стабилност и мир во регионот. Босна е многу важна земја, а Албанија го почитува суверенитетот и интегритетот на Босна, а таму дури имаме активна албанска заедница.
Имаме толку многу можности и заеднички цели што треба да ги придвижиме со конкретно унапредување на односите.Се надевам дека владата ќе ја отвори амбасадата пред 25 април, бидејќи по 25 април дефинитивно ќе се отвори амбасада во Сараево, рече Мета.
Албанската амбасада во БиХ постоела од 2010 до 2014 додека амбасадата на БиХ во Албанија од 1993 – 1998 година.