На 04.10.2020 во 12.40 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го привеле Д.Б.(28) од Гостивар, кој што се барал врз основа на судска наредба за издржување казна затвор. Лицето било спроведенo во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната. На 04.10.2020 во 16.15 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го привеле М.А.(25) од Гостивар, кој што се барал врз основа на судска наредба по чл.235 став 3 од Кривичниот законик за издржување казна затвор. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.