Со четвртиот пакет на мерки не се опфатени сите, нема помош за студентите и учениците

СДСМ потфрли на економско поле. Од ветените над половина милијарда евра за првите три пакети на економски мерки исплатиле едвај 1/3.

На СДСМ полесно им беше да ги потрошат парите за поткуп, отколку да им помогнат на граѓаните и бизнисот.

Четвртиот пакет кој што сега го ветуваа, немаше да биде потребен, доколку домаќински ги реализираа досегашните три пакети.

Парите наместо кај граѓаните и бизнисите завршија кај фирмите на Нина Ангеловска и Заеви.

Дополнително со мерките не се опфатени сите. Заев не ги опфати студентите, и не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од партиципација на сите студенти запишани на државните универзитети. Не се опфатени ниту учениците во  основните и средните училишта.

Четвртиот пакет на мерки, уште еднаш покажа дека на Заев побитен му е дневниот ПР, отколку долгорочната добробит на граѓаните и бизнисот.

 

Треба да знаете
Последни објави