На 04.10.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, А.С.(24) од Велес, управувајќи мотоцикл „баотиан“ со велешки регистарски ознаки, удрил во бетонски рабник и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.