Променливо време со дожд, ветер и опаѓање на температурите најавуваат од УХМР за наредните денови.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во среда и во четврток ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе бидат во опаѓање, особено во четврток кога ќе дува повремено силен северозападен ветер.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува
умерен до засилен, а во јужните делови повремено силен ветер (со брзина над 70 км/час) од јужен правец.
Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а
локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 32 степена. и Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.