Шаланде: Македонија игра сличен фудбал како Косово

Швајцарскиот фудбалски старатег Бернард Шаланде кој ја предводи селекцијата на Косово во пресрет на полуфиналниот натпреавр од Лигата на нации со македонија в четврток во Скопје (20.45 часот) верува дека неговите избраници ќе сторат се да одиграат најдобро што знаат и умеат. Селекторот на Косово во пресрет на дуелот во Скопје, кој ќе биде исклучително значаен за двете слекции, бидејќи ќе дојдат на само еден чекор од историски пласман на завршницата на ЕП-2020 кое е одложено за идната година, не штедеше зборови на вообичаениот прес-пред мечот да ја пофали селекцијата на Македонија.

-Македонија е добар тим, ги гледав сите нивни мечеви во квалификациите, како и септемвриските дуели со Ерменија и Грузија, кои ги одиграа добро, посебно тој со Грузија. Кога ќе го видам тимот, понекогаш велам дека играат исто како Косово, посебно кога играат добро. Бараат посед, играат по крила, имаат бекови кои се офанзивни, технички потковани играчи… Помалку или повеќе – иста или слична филозофија во играат имаат како Косово. Мислам дека се добар тим, многу добар! Видете, многу Македонци играат во Европа, играат во Лига Европа, имаат играчи во Шпанија, Италија, Португалија. Сето тоа значи дека се добар тим, ама и нашиот тим е добар. И секогаш истото го повторувам, не е важно кој ќе игра, туку како ќе играме. Имаме добри играчи – вели Шаланде.

Швајцарецот посочи дека за него дуелот со Македонија е најважен меч во неговата кариера и верува дека фудбалерите, без одглед кој ќе игра, ќе го дадат и последниот атом од силите за да стигнат до посакуван резултат. Селекторот на Косово се соочува со сериозни проблеми пред мечот бидејќи поради повреда не може да смета на Милот Рашица, а после викендов отпаднаа уште двајца од списокот Хекуран Крисзиу и Идриз Воца, но проблемите не завршуваат тука. Амир Рахмани, дефанзивецот од Наполи има проблем како да излезе од карантинот во Неапол за да дојде за мечот, додека Самир Ујкани и Ведат Муричи се повредени и допрва ќе се знае дали воопшто ќе се во конкуренција за составот.

Треба да знаете
Последни објави