CNH Industrial N.V. и Nikola Corporation (NASDAQ: NKLA) го ко-спонзорираа настанот „Декарбонизацијата на тешкиот транспорт и улогата на водородот“ што го организираше Politico. Настанот, кој се одржа истовремено во Лондон и Феникс на 1 октомври 2020 година обедини високи креатори на политики на ЕУ, индустриски експерти и претставници од меѓувладини организации за да разговараат за најдобриот начин за декарбонизација на тешкиот транспорт и каква улога може да има водородот во тие тековни напори.
Герит Маркс, претседател на комерцијални и специјални возила на CNH Industrial и член на Управниот одбор на Nikola, ги одржа воведните забелешки на настанот.
„Возбудени сме за можностите за нула емисии во транспортот на долги релации како реалност и уживавме во споделувањето како водородот може да придонесе за декарбонизација на индустријата со тешкиот транспорт“, изјави Маркс. „Оваа трансформација веќе започна и CNH Industrial е во првите редови. Работиме заедно со Nikola за да помогнеме во завршувањето на Tre BEV за да можеме да започнеме со производство во нашиот заеднички производствен погон во Улм, Германија, до четвртиот квартал следната година“.
„Уверени сме дека Nikola Tre ќе ги постави стандардите за камиони со нулта емисија“, рече Марк Расел, главен извршен директор на Nikola. „Горди сме што го спонзориравме овој настан, бидејќи Европската комисија има амбициозни планови да биде јаглеродно неутрална до 2050 година. Ние веруваме дека Nikola, во партнерство со CNH Industrial, може да игра значајна улога во помагањето на пазарот на тешки транспорт да ги достигне тие цели.”