Повеќекратниот ерменски шампион во кревање тегови, Татул Харутјунан, е убиен во војната во Нагорно Карабах.
Ерменската федерација за кревање тегови ја потврди веста за смртта на спортистот на својот официјален профил на „Фејсбук“, но не ги откри деталите за трагедијата.
„Со големо жалење ви известуваме дека при тензиите во Нагорно-Карабах загина член на АПФ, повеќекратен шампион во Ерменија и наш добар пријател Татул Харутјунан. Ве молам, прифатете го нашето најдлабоко сочувство во име на Ерменската федерација за кревање тегови. Почивај во мир, хероју”, се наведува во соопштението.