Дербиот во италјасната фудбалска Серија А помеѓу Јувентус и Наполи не се одигра, но сигурбно ќе има трето полувреме надвор од теренот. Наполи не допатува во Торино откако во своите редви евидентира три случаи на заразени играчи од коронавирусот меѓу кои е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, по екипата беше испратена во карантин. Локалните здравствени власти му забранија на клубот да патува за Торино.
Јувентус не ја прифати оваа одлука и излезе на теренот, а покани и свои навивачи со сезонски билети на трибините. Серија А не го одложи мечот ! Наполи лесно може да го загуби натпреаврот со службен резултат 0-3, но и да добие минусни бодови за неоправдано отстуство од натпревар.
-Прво ме лути тоа што некој мисли дека локален клуб може да влијае на локалните здравствени власти. Овде единствен интерес е здравјето на луѓето и примарната улога на локалните здравствени власти, кои ги препознава и самото министерство за здравство е дека во случај на блиски контакти и при карантин – тие решаваат! Значи локалните власти носат одлука и таа е закон. Не е Наполи тој што реши да не оди во Торино. Ако отидовме, ќе се соочевме со кривична одговорност, со здравствен ризик. Сега, ако спортскиот ‘судија’ одлучи да го регистрира мечот со 3-0, спортот ќе изгуби шанса да испрати поинаков сигнал. Наполи немаше избор, иако играчите беа спремни да тргнат на патуваат, вели Матија Грасани, правниот застапник на наполитанците.
Тој посочува дека Италија мора да има резервни планови зашто никој не знае како епидемијата ќе се движи во следниот период.