Полицијата во Хелсинки е обвинета за кршење на човековите права откако на социјалните мрежи се прошири видео, на кое се гледа како полицајците прскаат бибер спреј врз мирните демонстранти кои седат на улица.
Протестот беше организиран од „Елокапина“ (Бунт против изумирање), на фреквентниот пат Каисанеименкат во Хелсинки во саботата.
Sv. poliisiväkivalta pic.twitter.com/QRlts01FpY
— Taneli Hämäläinen (@Tanelihamalaine) October 3, 2020
На демонстрантите против климатските промени им било наредено да се разотидат затоа што блокирале прометна улица, а како што се гледа на снимката, полицијата, без никаква провокација од другата страна, испрскала бибер спреј директно на нивните лица.
https://www.instagram.com/p/CF6rZbghj1P/
„Во рок од десет минути од ширењето на протестот, полицијата зеде спреј и ги испрска демонстрантите неколку пати, предизвикувајќи сериозни реакции кај десетици луѓе. Полицијата исо така спречи некои од нив да се исплакнат со вода“, се наведува во соопштението на „Елокапина“.
Jumalauta mikä meno. Poliisi kaasuttaa rauhanomaisia mielenosoittajia. https://t.co/mu3qQimIv4
— Taneli Hämäläinen (@Tanelihamalaine) October 3, 2020
Активистите споделија фотографии и снимки на социјалните мрежи и изразија незадоволство од полициската акција.
„Срамота за Финска! Како се осмелувате“, беше еден од коментарите.