Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле сепак се согласи да се пресели во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед и веќе ги договори своите лични услови со „црвените ѓаволи”. Денеска напладне беше објавена инфорамција дека Французинот не сака да оди на „Олд Трафорд”, но подоцна „Сан” излезе со понови вести, според кои Дембеле ја прифатил преслебата.
Двата клуба допрва треба да ги договорат условите, а времето до затворање на преодниот рок станува сè пократок. Според „Индипендент” и Барселона и Дембеле сакаат постојан трансфер, додека понудата на Јунајтед е само за изнајмување до крајот на сезоната.
Клубот од „Олд Трафорд” треба во секој момент да ги финализира трансферите на Единсон Кавани и Алекс Телеш.