Ерменското Министерство за одбрана го обвини денеска Азербејџан дека намерно шири дезинформации за ерменското бомбардирање на градот Ганџа, со што бара изговор за нови провокации.
Претставник на ерменското Министерство за одбрана изјави дека азербејџанските вооружени сили извршиле ракетен напад врз Степанакерт, главниот град на самопрогласената република Нагорно Карабах.
Тие употребиле ракетни системи „земја-земја” од типот Смерч и Полонез, како и турски повеќецевни ракетни лансери Артсрун Т-300.