Оштетените депоненти, оние кои останаа необештетени во целост како физички лица и целосно необештетените фирми, се оставени на немилост на банкарскиот систем и државата да се снаоѓаат како знаат и умеат. Опљачкани од системот за којшто и ден денес се тврди дека е стабилен и сигурен, за да повторно бидат спокојни штедачите и во другите банки за кои таа иста Народна Банка е должна да ги заштити, велат од Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард банка.
– Борбата на оние коишто се ограбени тукушто започна. Ни криви ни должни се исправени пред неправдата, со нарушени здравје и мир, во агонија и со непреспиени ноќи. Немаат што повеќе да загубат бидејќи пропадната банка и државната институција којашто го дозволила направениот криминал во банката им одземаа се што имаа. На потег се народните избраници – пратеници во Собранието како законодавен дом да го изгласаат предлог законот за целосно парично обештетување на физичките и правни лица депоненти на Еуростандард банка, а потоа државата да
наплати од стечајната маса – велат од Здружението.