И Македонија најверојатно нема да гостува во Ереван

Во сенка на дуелот Македонија – Косово, в четврток во Скопје, од полуфиналето во разигувањето од Лигата на нациите за пласман на ЕВРО 2020, доаѓа веста дека пријателскиот меч меѓу Ерменија и Албанија, кој требаше да се одигра во Ереван е откажан. Причина се борбените дејствија кои изминативе денови се водата меѓу Ерменија и Азербејџан поради Нагорно Карабах.

Од безбедносни причини услови за гостување во Ереван. Сега се бара решение за дуелот меѓу Ерменија и Грузија, меч од групата 2 во сегментот Ц, во Лигата на нации каде игра и Македонија. Според информациите кои пристигнуваат од УЕФА најверојатно овој натпревар, закажан за 11 октомври, кога Македонија ќе и гостува на Естонија, ќе се игра на неутрален терен.

Така беше и со мечот меѓу Арарат и Црвена звезда од плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, кој се играше на Кипар.

Ова значи дека македонската репрезентација доколку работите на теренот од безбедносни причини не се изменат многу веројатно е дека нема да гостува во Ереван на 18 ноември, на последниот меч во групата 2, во Лигата на нации. И овој натпреавр ќе се игра на неутрален терен.

Треба да знаете
Последни објави