Федералниот обвинител на Италијанската фудбалска федерација, Џузепе Чине, започна истрага за приложениот документ од Наполи за нивното отсуство од натпреварот со Јувентус во неделата.
Партенопејците не отпатуваа за Торино, но претходно го приложиле протоколот во Серија „А” за коронавирус. Минатата недела клубот регистрираше двајца заразени со КОВИД-19. Еден од нив беше Пјотр Зелински, другиот беше вработен, а во следните денови и Елиф Елмас беше позитивен на тестот. Според повеќе извори во Италија, Наполи можеби не го следел протоколот одобрен од Италијанската фудбалска федерација, што може да предизвика сериозна штета.
Федералниот обвинител Чине побара копии од е-пошта помеѓу Наполи, локалниот здравствен орган и регионот Кампања. Причината што ја даде клубот е дека им било забрането да патуваат во Торино. Во моментов не е јасно дали ќе им биде пресуден службен пораз од 0:3, откако случајот во моментов е под истрага на спортскиот судија Херардо Мастрандера.