Пандемијата и Брегзит без трговски договор со Европска Унија може да ја чини Велика Британија 134 милијарди фунти годишно, се наведува во извештајот на адвокатската канцеларија „Бекер&МекКензи”.
Во истражувањето „Иднината на британската трговија: Обединети реалности на Брегзит и Ковид-19″ се истакнува дека пандемијата ќе го намали БДП за 2,2 проценти во споредба со нивото пред појавата на новиот коронавирус.
Додека Брегзит, дури и со трговски договор ќе го намали БДП за 3,1 отсто, додека извозот на стоки ќе биде помал за 6,3 проценти. Но, без трговски договор загубите од Брегзит ќе се зголемат до 3,9 отсто од БДП на долгорочен план.
Британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека 15 октомври е краен рок за склучување на трговски договор со ЕУ, а Велика Британија ќе го прекине членство во Унијата кон крајот на годината.