Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово на денешниот состанок во Општината, во врска со преземањето активности и мерки против ширење на Ковид-19, донесе препораки, заклучоци и мерки. Оттаму бараат од Комисијата за заразни болести да бидат изземени од новите мерки за угостителите.
„Во врска со зголемување на мерките за заштита во ковид-кризата и најавата за прогласување недела како неработен ден за угостителските објекти, ОШЗС ѝ предлага на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Владата од оваа мерка да се изземе општина Куманово. ОШЗС Куманово смета дека мерките и препораките на Владата во угостителските објекти на територијата на пштина Куманово се почитуваат на задоволително ниво и е потребно само дополнителна контрола од надлежни инспекциски служби.
Сметаме дека доколку се донесе една таква рестриктивна мерка, на тој начин ќе се зголеми групирањето на младите луѓе во парковите, детските игралишта, се се организираат забави во приватни куќи и во викендички, при што ќе се зголеми ризикот од ширење на епидемијата.
Апелираме до сите организатори и учесници на протестите поврзани со образовниот процес да се почитуваат мерките за носење заштитна опрема и одржување минимум два метра дистанца. Во спротивно, тие претставуваат голем потенцијален ризик за ширење на епидемијата помеѓу самите учесници на протестите, граѓаните и случајните минувачи“.