Меган и Хари предупредени да не ги прават истите грешки

Ричард Фицвилијамс, експерт за кралското семејство, се осврна на контроверзите околу принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс.

Во разговор со британскиот весник „Експрес“, тој истакна дека парот со драматичните потези кои ги направи покажа немудрост и може да предизвика лошо чувство или кај кралското семејство или кај јавноста.

Фицвилијамс ја наведе можноста војводата и војвотката да се предмет на контроверзи затоа што  не ги слушале советниците додека ги вршеле своите должности во монархијата.

Експертот предупреди на неколку подраматични промени имајќи предвид дека тие сè уште се поврзани со кралското семејство.

„Во минатото беа направени грешки, мислам дека видовме како се олади односот на Меган и Хари со печатените медиуми кога се обидоа да диктираат што е приватно, а што не.“

 

„Бидејќи тие добиваа пари од даночните обврзници, не се справија со ова како што треба.

Воопшто нема сомнеж дека имало грешки во начинот на кој тие се справувале со крштевањето, околината… кога зеле приватни авиони, како и контроверзните написи во „Вог“ кои Меган ги едитираше.

Треба да знаете
Последни објави