Тренерот на Барселона, Роналд Куман е задоволен од прикажаното на тимот на натпреварот против Севилја (1:1) во рамките од 5. коло во шпанското фудбалско првенство одигран на „Камп Ноу“.
-Беше тежок меч. Не притиснаа. Ние не игравме топка како што сакавме. Севиља игра добар фудбал, прави добар притисок и физички е посилна од нас. Ова е врвен тим. Мислам дека игравме добро, но во второто полувреме изгубивме многу топки. Не беше лесно да се влезе во ритам. Како и да е, задоволен сум од перформансите на тимот. Бевме уморни, но се боревме до крај против многу силен противник, изјави Куман за „Марка”
По три одиграни првенствени меча, Барселона има две победи и еден нерешен резултат.