Музичарите и угостителите в среда излегуваат на протести по неуспешната средба во Владата. Иако средбата поминала во најдобар ред, тие најавуваат протести за да дадат поддршка за сите засегнати сектори од пандемијата со коронавирусот.
Тие на состанокот побарале да се повлече мерката за забрана за настапи во угостителските објекти. Образложението е дека не може целата естрада да трпи поради несовесни менаџери и сопственици на кафулиња кои ги прекршуваат протоколите.
На средбата се разговарало и за поголема финансиска помош за музичарите со оглед на тоа што тие оваа година целосно ќе ја завршат со загуба.