Бројот на новоинфицирани од коронавирус во изминатите 24 часа во Грција е зголемен за 303 лица, со што вкупната бројка сега е 20.142, објави Националната организација за јавно здравје.
Тоа е зголемување во споредба со вчера кога бројот на новозаболени беше 229 лица.
Осуммина починаа од коронавирус во претходните 24 часа, така што вкупниот број на смртни случаи е 417. Во болниците има 83 лица што се на респиратори.